Крај на една ера – Bugatti се откажува од W16 моторот

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Од 2005 година, предводник на Bugatti е неговиот мотор – 8,0 литарски W16 со четири турбо. Сепак, според извештајот на Autocar, 2027 година ќе го означи крајот на тој специфичен мотор, бидејќи Bugatti преминува на хибридна сила со помал мотор.

Деталите за помалиот мотор и хибридниот погон сè уште се врвна тајна, но дизајнерите на Bugatti разговараа за разликите во дизајнот на новиот автомобил околу него.

„Нуди можности“, изјави директорот за дизајн на Bugatti, Ахим Аншајд за Autocar. „Има можности за поспортска форма“, додава тој.

Таа поспортска форма што ја споменува Аншајд веројатно е постигната со намалување на отпечатокот на самиот мотор. 8.0 литарскиот W16 мотор е едноставно огромен и е чудо на дизајнот и инженерството што воопшто се вклопува во сегашниот Chiron. Иако новиот мотор технички сепак би можел да биде W16, неговата работна зафатнина ќе биде намалена. А бидејќи на самиот мотор нема да му треба толкава моќ, поради електромоторите кои помагаат, нема да мора да биде робустен како сегашниот W16, наведува Јутарњи.хр.

Додека Bugatti не сакаше да открие детали за новиот мотор, заменик директорот за дизајн Френк Хејл е неверојатно ентузијаст за идниот хибрид.

„Ќе биде неверојатно, пропорционално, технолошки иновативно. Целосно ќе ги шокира луѓето и навистина е задоволство да се работи на тоа“, изјави тој за Autocar.

Слични содржини