Истекување на гориво, а потоа и проблемот со моторот за време на последните подготовки за лансирање, ја натера НАСА да го одложи лансирањето на својата моќна ракета на Месечината, која би носела три пробни кукли во капсула во орбитата околу неа.
Следниот обид за лансирање е можен најрано во петок.
НАСА постојано почнуваше и престануваше да ја полни ракетата Space Launch System со речиси милион галони суперладен водород и кислород. Причината е истекување на силно експлозивен водород на истото место каде што дошло до истекување за време на генералната проба во пролетта.
Денес, НАСА наиде на нови проблеми кога не можеше правилно да излади еден од четирите главни мотори на ракетата, изјавија официјални лица. Инженерите продолжија да работат на собирање податоци и утврдување на изворот на проблемот.
Ракетата требаше да постави капсула на екипажот во орбитата околу Месечината. Лансирањето ќе биде пресвртница во обидот на Америка да ги врати астронаутите на површината на Месечината за прв пат по завршувањето на програмата Аполо пред 50 години.
Со должина од 98 метри. тоа е најмоќната ракета некогаш направена од НАСА, надминувајќи ја дури и Сатурн V што ги однесе астронаутите на Аполо на Месечината.
Во капсулата Орион што треба да ја носи ракетата, сега нема астронаути, туку тест-кукли, опремени со сензори за мерење на вибрации, космичко зрачење и други услови. Ќе полета, ако на крајот сè биде добро, на шестнеделна мисија која требаше да заврши со падот на капсулата во Тихиот Океан во октомври.
The launch of #Artemis I is no longer happening today as teams work through an issue with an engine bleed. Teams will continue to gather data, and we will keep you posted on the timing of the next launch attempt. https://t.co/tQ0lp6Ruhv pic.twitter.com/u6Uiim2mom
— NASA (@NASA) August 29, 2022
Илјадници луѓе се најдоа на брегот на Вселенскиот центар за да го гледаат лансирањето на ракетата.
Лансирањето, ако и кога ќе се случи, ќе биде првиот лет во програмата на НАСА за истражување на Месечината во 21 век, наречена Артемис (Артемида) по митолошката сестра близначка на Аполо.
Под претпоставка дека првиот лет, со кукли, ќе помине добро, астронаутите ќе одат на втор лет околу Месечината и назад веќе во 2024 година. Слетувањето на две лица на Месечината би можело да се случи до крајот на 2025 година.
Проблемите забележани во понеделникот потсетуваа на ерата на прекинатите вселенски шатлови на НАСА, кога истекувањето на водородното гориво го наруши одбројувањето и одложи серија лансирања уште во 1990 година.
Како што беше соопштено вчера, ракетата на НАСА која треба да биде лансирана кон Месечината ги поминала последните тестови пред пробниот лет, иако пред тоа лансирната рампа неколку пати била погодена од гром.