Сестрата на Амбер Херд ги нападна MTV поради настапот на Џони Деп: „Одвратно“

од Vladimir Zorba
333 прегледи

Сестрата на Амбер Херд, Витни Хенрикез, остро ги критикуваше MTV за настапот на Џони Деп на синоќешното доделување на Video Music Awards, само три месеци откако Амбер беше осудена за клевета.

„MTV, одвратни сте и очигледно очајни! Навистина се надевам дека никој од луѓето кои го упатија овој повик до Деп нема ќерки“, напиша таа во објавата што ја сподели на Инстаграм.

Да потсетиме дека Деп за време на доделувањето на наградата се појави на сцената во костимот на Moonman, логото на MTV.

„Само сакам да знаете дека сум достапен за родендени, бар мицви, свадби, бдеење, се што што ви треба. А знаете што? Ми треба работа“, им рече тој на насобраните.

Деп сподели клип од видеото на својот Инстаграм профил со натпис: „Погодете кој? #VMA“.

Слични содржини