Белата куќа денеска ја повика Русија да се согласи за формирање на демилитаризирана зона околу нуклеарната централа во Запорожје.
Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, им изјави на новинарите дека најбезбедната опција ќе биде контролирано исклучување на објектот, пренесе Ројтерс.
Украинското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека мисијата на МААЕ, која треба да го посети Запорожје, ќе тргне од Виена и денеска треба да пристигне во Киев.