Песков: Ако ЕУ воведе визи за Русите, Москва ќе одговори

од Vladimir Zorba
268 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги осуди плановите на ЕУ за визни ограничувања за руските граѓани и ги нарече „лудост“, откако нагласи дека Москва ќе одговори доколку тие планови се остварат, пренесе ТАСС.

„Секој потег на Брисел и другите европски престолнини покажува целосен недостаток од секаква смисла“, рече Песков, запрашан да ги коментира плановите на ЕУ да разговара за ова прашање.

Портпаролот на Кремљ нагласи дека идејата на европските земји да забранат шенген визи за Русите, доколку се имплементира, нема да остане без одговор.

Слични содржини