194
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.И.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама” и „фалсификување пари”, по член 247 и член 268 од Кривичниот законик.
Пријавениот набавил 14 фалсификувани банкноти во апоени од по 100 евра, по што во периодот од 09.05.2021 до 07.09.2021 ги пуштил во оптек при купопродажба на мобилни телефони од три лица.
На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 86.380 денари.