215
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски заедно со неговите колеги од Србија и Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама во четврток, на 1 септември, ќе присуствуваат на отворањето на Првиот меѓународен саем за вино во Белград.
Како што соопшти прес-службата на српскиот претседател, настанот е планиран за 13:00 часот во хала 1 на Белградскиот саем.
Саемот Винска визија на Отворен Балкан се одржува под покровителство на трите влади, а во рамките на иницијативата Отворен Балкан.