224
Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска изјави дека остануваат уште два месеци да се најде решение за проблемот со регистарските таблички.
Лајчак изјави дека верува оти ќе се најде решение, исто како она за личните карти, додавајќи дека на партнерите им предложиле некои идеи.
На прашањето дали и Приштина го потврди рокот од два месеци, специјалниот претставник на ЕУ рече: „Да, се разбира“.