Ајакс се откажа од замената на Ентони – барал многу пари

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Сметаниот за сигурен трансфер на Лукас Окампос од Севиља во Ајакс е на работ на неуспех откако раководството на Холанѓаните смета дека договорените услови не се поволни за клубот, пренесе „Де Телеграф“. Техничкиот менаџер на Ајакс, Гери Хамстра учествуваше во преговорите со Шпанците, при што двете страни се договорија за трансфер сумата од 20 милиони евра.

Сепак, газдите на клубот од Амстердам оценија дека ова е премногу за 28-годишниот Окампос, неговата предложена плата е висока, како и потенцијалната должина на договор.

Поради оваа причина преговорите засега се прекинати, а аргентинскиот репрезентативец дури се врати во Севиља откако вчера беше во Холандија.

Се очекуваше Лукас Окампос да биде замена за Ентони кој беше продаден во Манчестер Јунајтед.