197
Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер денеска за Би-Би-Си изјави дека народот на Европа, како и Русите, му должат голема благодарност на последниот советски лидер Михаил Горбачов.
– Народот од Источна Европа и германскиот народ, и конечно рускиот народ, му должат голема благодарност за инспирацијата, за храброста да излезе со идеите за слободата – рече Кисинџер.
Како што рече, Горбачов направил голема работа за доброто на човештвото, но не успеал да ги спроведе сите свои визии.
– Горбачов направи големи услуги, но не беше во можност да ги спроведе сите свои визии – изјави поранешниот американски државен секретар.
Михаил Горбачов, последниот претседател на Советскиот Сојуз, почина вчера на 92-годишна возраст.