Бугарското МНР со остри реакции: Изјавите на Рама покажуваат недостаток на европски комуникациски вештини

од Берта Китинска
202 прегледи

Бугарското Министерство за надворешни работи остро реагираше на дадените зебелешки на албанскиот премиер Еди Рама на безбедносниот форум во словенечкиот град Блед, оценувајќи ги за неприфатливи.

Бугарија не ја прифаќа изјавата на Рама дека осум години го блокирала почетокот на преговорите за членство на Албанија во ЕУ.

Бугарското МНР потсетува дека веќе го искажало својот став во врска со антибугарската реторика на премиерот на Република Албанија Еди Рама, која стана постојан рефрен на неговиот политички говор.

Сега, според бугарското Министерство, тоа е комбинирано и со антиевропски фокус и обид за понижување на механизмите на европскиот процес.

„Изјавите откриваат непознавање на политичката смисла на процесот за ставање на односите во регионот на европски шини.

Очигледно, станува збор или за недостаток на европски комуникациски вештини или за намерно поттикнување на антиевропски чувства. Бугарија го задржува правото на соодветен начин да реагира на однесувањето на албанскиот премиер, следејќи ги принципите на меѓународното и европското право“, се наведува и во ставот на властите во Софија.

Слични содржини