Фудбалскиот шампион на Италија Милан е продаден на компанијата Red bird capital partners („Red Bird“) за сума од 1,2 милијарди евра.
Познатиот италијански клуб беше во сопственост на групацијата Елиот, која претходно го откупи од кинеските сопственици.
„Како нов сопственик на Милан, Red Bird ќе продолжи да инвестира во сите важни области и ќе ги унапреди спортските и комерцијалните интереси на клубот, надградувајќи се на крилјата на минатогодишните титули. Искуството на Red Bird во градењето спортски бизниси ќе обезбеди дека следното поглавје во историјата на Милан е изградено на актуелните успеси“, стои во соопштението на новите сопственици на Милан објавено на официјалната веб-страница на клубот.
Конзорциумот околу тимот на „Црвената птица“ го сочинуваат сопствениците на Ливерпул, познатите бејзбол франшизи Њујорк Јенкис и Бостон Ред Сокс, хокејскиот тим Питсбург Пингвинс и други спортски колективи и поединци, меѓу нив и кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс и познатиот рапер Дрејк.