Денеска (31.08.2022) од 08.00 до 12.00 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола спроведена е акциска контрола со која биле опфатени вкупно 45 возила кои вршат јавен превоз на патници. При контролата биле откриени и адекватно санкционирани 7 прекршоци од кои 4 прекршоци за непоседување на лекарско уверение, 2 прекршоци за неисправен уред за запирање и 1 прекршок за неизвршен вонреден технички преглед.
На прекршителите изготвени им се соодветни поднесоци, а 2 возила веднаш се исклучени од сообраќај.
При контролата, исто така, откриени биле и 13 други видови прекршоци. Ваквите контроли ќе продолжат и во наредниот период. Целта е навреме да се откријат и отстранат од сообраќај технички неисправните возила и да се обезбеди непречено и безбедно превезување на патниците.