Повторно се затресе БиХ, се почувствувало и во Далмација

од Nikola Popovski
160 прегледи

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина во 17 часот и 45 минути. Земјотресот е почувствуван и во Далмација, известилеграѓаните на апликацијата „EMSC“.

Според податоците на „EMSC“, епицентарот на земјотресот е регистриран на 47 километри од Мостар и 21 километар од Невесиње.

Некои граѓани ги споделиле своите впечатоци по овој потрес.

„Потрес во Чапљина“, „Малку стресе, едвај забележавме“, „Требиње“, јавуваат корисници.

„Почувствувавме кратко, мал потрес и звук на чаши кои стоеа една до друга“, напишал жител на Дубровник.

Слични содржини