160
На ул.„Аминта Трети“ во Скопје, синоќа во 21.35 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(27) од Скопје.
– Тој бил баран по централна потерница поради бегство од Казнено-поправната установа затвор Идризово- Скопје и за доиздржување затворска казна од четири години и 11 месеци, а бил осуден на казна затвор од 10 години и седум месеци за сторени кривични дела по член 236, член 242 и член 288 од Кривичниот законик, соопштија денеска од МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворската казна.