Француската осигурителна компанија, AXA, ги истражувала чудните детали за сообраќајните несреќи со електрични автомобили, по тестовите одржани во 2022 година во Цирих.
Компанијата за време на своите тестови откри дека несреќите во кои се вклучени поновите возила се поскапи и поопасни за возачите и нивните патници во споредба со постарите модели и дека електричните возила се чини дека имаат „Ахилова пета“.
„Ние, како даватели на осигурување и наши клиенти, мораме да управуваме со новите ризици: иако електричните автомобили сами по себе не предизвикуваат повеќе сообраќајни несреќи, тие често може да доведат до поскапи инциденти“, рече Нилс Рајх, директор на осигурителната компанија AXA во Германија.
Логиката зад овие тврдења за цената на сообраќајните несреќи е многу едноставна: ЕВ моделите се полни со поскапа технологија, која, кога е оштетена, бара многу пари за да се поправи. Покрај тоа, иако ЕВ моделите ги имаат најновите безбедносни технологии во нивните патнички кабини, се чини дека постои неизбежна слаба точка во нивниот дизајн.
Со оглед на тоа што повеќето марки ги ставаат батериите на долната страна на возилото, оштетувањето од таа насока може да доведе до многу скапо, а понекогаш и многу опасно оштетување. Според осигурителната компанија, ризикот од пожар во ЕВ возилата и оние кои користат традиционални мотори со внатрешно согорување е преценет – всушност, според статистичките податоци, само пет возила од секои 10.000 автомобили стануваат жртви на пожар.
Има еден аспект во кој EВ моделите имаат незавидна предност во предизвикувањето сообраќајни незгоди, а тоа е забрзувањето. Високиот вртежен момент на електромоторите доведува до околности во кои нивните возачи го притискаат гасот и практично „полетуваат“, што доведува до губење на контролата, а со тоа и до несреќи.
„Повеќето електрични автомобили, особено оние помоќните, имаат висок вртежен момент, што се забележува веднаш штом ќе ја притиснете педалата за гас“, вели Мајкл Фафли, директор за истражување на сообраќајни несреќи во AXA Insurance во Швајцарија. „Ова може да доведе до несакано и неправилно забрзување, поради што возачот лесно ја губи контролата над возилото“.
Осигурителната компанија AXA, исто така, го истакнува моментот на „преклопување“ кај електричните автомобили што доведува до 50% повисоки стапки на сообраќајни незгоди во кои возачите всушност ги оштетуваат своите возила, во споредба со возилата што се напојуваат со мотори со внатрешно согорување. Бидејќи електричните возила се потешки од нивните „колеги“ во секторот на обичните мотори, тие генерираат поголема сила при судар. Затоа, два автомобили, кои имаат идентични димензии, но различна тежина, ќе имаат различна штета доколку се судрат.
Ова не е карактеристика што е единствена за ЕВ моделите, бидејќи практично сите модерни возила стануваат потешки, но обемните батерии веројатно ќе ја направат просечната тежина на возилата уште поголема.