Во тек се разговори меѓу српската Влада и организаторите на Европрајд

од Vladimir Zorba
294 прегледи

Во тек се дискусии за Европрајд меѓу претставници на Владата на Србија и организаторите на настанот закажан за 17 септември.

Како што е соопштено за „Телеграф.рс“, целта на разговорите е да се обезбеди почитување на човековите права, но и да се покаже разбирање за околностите во кои се наоѓа Србија во овој момент.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека не го радува одлуката за откажување на Парадата на гордоста, дека се загрозени правата на граѓани, но дека земјата донела таква одлука под притисок на бројните проблеми.

Владата на Србија неодамна соопшти дека во моментов нема услови за безбедно одржување на настанот Европрајд 2022.

Слични содржини