Почина Виктор Мизрахи, поранешен претседател на Еврејската заедница

од Берта Китинска
186 прегледи

Денеска, на 01.09. 2022 година, по кусо боледување почина Виктор Мизрахи, долгогодишен претседател на Еврејската заедница во Република Северна Македонија и поранешен почесен конзул на државата Израел.

Голем Македонски патриот и Еврејски лидер во чии мандат на претседателствување со Еврејската заедница се отвори синагога Беит Јаков во Скопје, финансиски се осамостои Еврејската заедница и се реализираше Фондот на холокаустот на евреите од Македонија. Мизрахи активно учествуваше на домашен и меѓународен план во реализацијата и изградбата на единствениот сефардски Меморијален центар на холокаустот на евреите од Македонија и во поставувањето на спомен обележје на депортираните македонски Евреи во меморијалната поставка во Треблинка.

Виктор Мизрахи е роден во 1950 година во Скопје во еврејско семејство кое загубило стотина членови по бугарската фашистичка депортација на македонските Евреи во Втората светска војна.

Неговата ќерка Рашела Мизрахи, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ по повод неговата смрт објави пост на Фејсбук: