Во мечот од второто коло на УС Опен, Ник Кирјос го совлада Бенџамин Бонзи со 7:6, 6:4, 4:6, 6:4, но дуелот го одбележа невиден инцидент на средината од вториот сет.
Австралискиот тенисер тогаш му се пожали на судијата дека мириса на марихуана и му кажа на судијата дека тоа му пречи на играта.
Интересно е што и коментаторот на телевизијата која ги пренесува натпреварите од овој турнир за САД изјави дека видел како некој пуши марихуана на трибините, а тоа го потврди и еден од камерманите.
Главниот судија на натпреварот ја предупреди публиката дека не е дозволена консумација на марихуана и натпреварот потоа продолжи.
Прашање е како дошло до ваков превид од организаторите со оглед на тоа што во рамките на тенискиот комплекс не е дозволено ниту пушење цигари.
Од 2019 година, употребата на марихуана е легална за полнолетните Њујорчани (над 21 година).