Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на погребот на последниот советски лидер Михаил Горбачов во сабота поради претходно планираните обврски, соопшти денеска Кремљ.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Путин му оддал почит на Горбачов со посета на болница во Москва и положување венец на местото каде што поранешниот лидер почина во вторникот на 92-годишна возраст, објави Ројтерс.
„За жал, распоредот на претседателот не му дозволува да му оддаде почит на Горбачов на 3 септември, па тој одлучи да го стори тоа денес“, рече Дмитриј Песков.