Институциите предводени од СДСМ во изминатите пет години сериозно вложуваат во унапредување на образованието, како во човечкиот капитал, така и во подобри услови за одржување на наставниот процес.Септемвриската плата за околу 32.500 вработени во основното и средното образование, од кои 25.000 наставници ќе е повисока за 15 проценти, вели пратеничка на СДСМ, Жаклина Лазаревска.
таа вели дека СДСМ, работи на достоинствено вреднување на трудот на наставниците и дека според неа досегашните покачувања на платите од 21 процент, сега вработените во основното и средното образование ќе имаат плати поголеми за 36 отсто, во однос на 2017 година.
-Освен во платите, инвестираме и во инфраструктурата во образованието, за помалку од пет години, реконструирани и изградени се над 80 основни и средни училишта.Продолжуваме со капитални инвестиции и вложувања во подобри инфраструктурни услови за образование, како еден од врвните приоритети, посочи пратеничката.
Лазаревска вели дека е значително зголемен бројот на образовни асистенти финансирани од буџетот на МОН кои ќе работат со ученици со атипичен развој вклучени во редовната настава – од 500 лани, нивниот број оваа учебна година ќе биде 720.
-Инвестираме и во ученичкиот и студентски стандард за да имаме помотивирани ученици и студенти.Ученичките стипендии, кои изнесуваа од 2.200 до 2.700 денари, ги зголемивме и ги израмнивме на 3.500 денари, со кои се опфаќаат околу 3.100 ученици.Оваа учебна година е зголемен бројот на дуални паралелки за унапредување на средното стручно образование – од 97 минатата година, сега се 200 со опфатени 2700 ученици. Во овој проект минатата година биле вклучени 250 компании, а годинава нивниот број се искачи на 400.СДСМ и во време на светска економска криза покажува вистинска грижа за образованието, за наставниците, за учениците, велат од СДСМ.