Поп-дивата Мадона одговори на дури 50 прашања на љубопитните фанови во новото видео на нејзиниот канал на Јутјуб и прилично ги изненади сите со својата искреност.
На прашањето за што се кае, пејачката како од ведро небо одговорила: „Затоа што се омажив двата пати“.
Мадона, исто така, додаде дека повеќе би сакала да биде „прегазена од воз“ отколку повторно да чекори до олтарот.
Во видеото открила и дека моменталната омилена опсесија и е сексот, а признала и дека ако не била тоа што е, дека ќе била учителка.
Седумкратната добитничка на Греми истакнала дека би сакала да работи со американскиот рапер Кендрик Ламар, пред да признае дека најтешкиот дел од работата на нејзиниот биографски филм е да го „збие“ целиот свој живот во игран филм.
Подоцна призна дека сексот ја мотивирал да продолжи понатаму, а исто така признала дека би сакала повторно да соработува со Бритни Спирс, 19 години по објавувањето на нивниот хит „Me Against The Music“.
За потсетување, поп иконата беше во брак со холивудскиот актер Шон Пен од 1985 до 1989 година и со британскиот режисер Гај Ричи од 2000 до 2008 година.