Германското Министерство за надворешни работи денеска во врска со најавата на Варшава дека од Берлин ќе бара отштета во износ од 1,32 милијарди долари за загубите во Втората светска војна, соопшти дека прашањето е завршено и дека Полска одамна се откажала од ова барање.
„Позицијата на германската влада не е променета, прашањето за репарации е завршено“, изјави портпаролот на германското министерство во електронска пошта.
Тој додаде дека Полска се откажала од репарациите во 1953 година.
„Ова е основата на денешниот европски поредок. Германија стои зад својата политичка и морална одговорност за Втората светска војна“, додаде портпаролот.
Полска одлучи официјално да побара репарации од Германија за Втората светска војна и проценува дека штетата предизвикана од Германија во Втората светска војна е околу 1,32 трилиони долари, изјави претходно денеска лидерот на полската владејачка партија Право и правда, Јарослав Качински.