Власта работи на обезбедување дво-третинско мнозинство за менување на Уставот. Вицепремиерот Артан Груби е оптимист.
-Гледаме развивање на едно проевропско крило и во опозицијата што ме радува многу затоа што имаме потреба од опозиција која е евроатлантски ориентирана посебно во овие предизвикувачки времиња за државата, изјави Груби.
Тој вели дека е оптимист затоа што има апсолутна поддршка од сите проевропски сили во земјава и надвор во однос на уставните измени и во однос на продолжување на европскиот пат на нашата држава.
-Гледате дека ништо не се случи по одржувањето на меѓувладината конференција во Брисел. Се уште зборуваме македонски. И јас денеска зборувам македонски, пишуваме македонски и никој не не бугаризираше, не не асимилираше и сето тоа беше една лажна вест и една пропаганда исто како што беше лажна вест и Тиранската платформа и дека сите Македонци ќе мора да учат албански јазик или дека ќе се подели Македонија, изјави првиот потпретседател на Владата .
Тој истакна дека проевропските сили во опозицијата ќе ги надвладеат контрарегресивните кои не сакаат земјата да ја видат во ЕУ.