Полицијата дели казни, санкционирани 162 возачи во Скопје

од Берта Китинска
140 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се 15 мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за нерегистрирани возила, 11 мерки за непочитување на првенство на минување, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.