ИСТОРИСКИ МОМЕНТ: НАСА направи прва директна фотографија од ЕГЗОПЛАНЕТА

од Vladimir Zorba
281 прегледи

Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ успешно ја направи првата директна слика на планета која орбитира околу ѕвезда надвор од нашиот Сончев систем, соопшти синоќа НАСА.

– Користејќи го вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА, астрономите ја направија првата директна слика на планета надвор од нашиот Сончев систем. Таа егзопланета е гасен џин, што значи дека нема карпеста површина и не може да се населува – се наведува во соопштението, пренесе „Спутник“.

Големата егзопланета го добила името „HIP 65426 b“ и има шест до дванаесет пати поголема маса од Јупитер, додава НАСА.

Како што е наведено, астрономите ја откриле оваа планета во 2017 година со помош на инструменти на Европската вселенска опсерваторија во Чиле и направиле фотографии користејќи ултракратки светлосни бранови.

– Погледот на „Веб“ над долгите инфрацрвени бранови открива нови детали што телескопите на Земјата не можат да ги детектираат – забележува НАСА.

Телескопот „Џејмс Веб“ е поставен во орбитата околу Сонцето на оддалеченост од 1,5 милиони километри од Земјата.

Слични содржини