Актерот и ѕвезда на филмот „Роки“ Силвестер Сталоне (76) и поранешната манекенка Џенифер Флавин (54) решија да се разведат по 25 години брак. Иако веќе подолго време се шпекулираше за проблеми во нивната врска, сега нивната одлука стана и официјална, а по веста актерот демантираше дека разводот се случил затоа што тетоважата на сопругата ја прекрил со тетоважата на Роки од хит-филмовите.
– Не раскинавме од толку тривијална причина. Едноставно, сите тргнаа во друга насока. Многу ја почитувам Џенифер. И секогаш ќе ја сакам, таа е неверојатна жена. Најслатката личност што некогаш сум ја сретнал – рекол Сталоне и се осврна на тврдењата дека „намерно го расфрлал семејниот имот, што негативно се одразило на брачните средства“, што го соопшти адвокатскиот тим на актерот преку официјално соопштение.
Тој се спротивстави и на барањето на неговата сопруга да има право на „ексклузивна употреба на нивната куќа во Палм Бич“.
Да потсетиме, иако веќе подолго време се шпекулираше за проблеми во нивната врска, сега нивната одлука стана и официјална.
„Дејли Мејл“ објави дека Џенифер поднела барање за развод во округот Палм Бич, Флорида.
– Тажна сум што по 25 години брак поднесов барање за развод од мојот сопруг Силвестер Сталоне. Иако веќе нема да бидеме во брак, јас секогаш ќе го ценам. Барам приватност за нашето семејство – изјави Флавин за магазинот People.
Двојката е во брак од 1997 година, а заедно имаат три ќерки, Софија (25), Систин (24) и Скарлет (20).