Барса го објави договорот и клаузулата на Белерин, а Челси разделбата со Алонсо

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Барселона официјално објави дека Ектор Белерин, кој се врати во клубот каде ја започна својата кариера, потпишал едногодишен договор. Сепак, Каталонците ставија прилично сериозна ослободителна клаузула во договорот на Шпанецот. Станува збор за 50 милиони евра.

Белерин се враќа 11 години откако ја напушти Барселона како ученик на Ла Масија за да се приклучи на академијата на Арсенал. Тој беше донесен како слободен играч откако успеа да се извлече од договорот со „топџиите“, од кој имаше уште една година.

Во исто време, Челси објави дека со меѓусебен договор е раскинат договорот на Маркос Алонсо со клубот. Тоа значи дека Шпанецот ќе се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч.

Двата клуба вчера го објавија и трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг, кој за 12 милиони евра се пресели на „Стемфорд Бриџ“.

Слични содржини