194
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави денеска дека Русија не поставила тешко оружје на територијата на нуклеарната централа Запорожје и дека руската армија прави се што е потребно за да ја обезбеди безбедноста на нуклеарната централа.
„Одговорно изјавувам дека немаме тешко оружје на територијата на нуклеарната централа и во околината. Се надевам дека комисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ќе се увери сама“, рече Шојгу, пренесува Интерфакс.