Најголемата казна на УС Опен оди за Кирјос

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Финалистот на Вимблдон, Ник Кирјос е казнет со 7.500 долари поради „плукање и пцуење“ за време на неговиот втор натпревар на УС Опен.

Ова е најголемата казна за играч досега на турнирот, пренесе „Ројтерс“, повикувајќи се на извор од организаторите во Њујорк.

Кирјос го елиминира Французинот Бенџамин Бонци со 7:6(3), 6:4, 4:6, 6:4 и го направи спорниот потег по брејкот во четвртиот сет. Освен тоа, Австралиецот речиси цело време на средбата, во типичен стил, водеше разговори со себе и не ги штедеше вулгарните зборови.

Следен противник на Кирјос во третото коло ќе биде американскиот тенисер Џефри Џон Волф, кој во првата фаза приреди изненадување и го победи 16-от носител Роберто Баутиста Агут.

Слични содржини