Министрите за финансии на Г7 сакаат да ја ограничат цената на руската нафта

од Nikola Popovski
190 прегледи

Министрите за финансии на водечките светски економии (Г7) сакаат да ја намалат цената на руската нафта за да спречат Москва да профитира од последиците од војната во Украина.

Во заедничката изјава што ја доби германската агенција „dpa“, министрите во петокот ги повикаа сите земји кои увезуваат руска нафта да се приклучат на мерката.

„Сакаме широка коалиција за да постигнеме што е можно поголем ефект“ од овие мерки, наведуваат оттаму.

Сржта на идејата е да се принуди Русија да продава нафта на големи купувачи како Индија по многу пониска цена во иднина.

Со тоа би се намалил притисокот врз светскиот пазар на нафта и би се ублажила ефектот од украинската војна врз цената на енергенсите, сметаат членките на Г7, а од друга страна, Русија повеќе нема да профитира од порастот на цената на нафта, која ја финансира својата воена машина.

Поморскиот транспорт на сурова нафта и нафтени деривати од руско потекло би бил возможен низ целиот свет само доколку нафтата се купи под одредена цена, се вели во соопштението.

Ограничувањето на цената на нафтата би било ефективно бидејќи западните земји се тие што ги држат во свои раце важни услуги како што се осигурување за транспорт на нафта и други услуги.

Почетната ограничена цена би се пресметувала врз основа на низа технички инпути, а доколку е потребно би се менувала, велат министрите.

„Нашата цел е да ги усогласиме роковите за примена на овие мерки за да се поклопат со шестиот пакет санкции на Европската унија против Русија“, додадоа министрите од Г7.

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен рече дека ограничувањето на цената на руската нафта, договорено од министрите за финансии на Г7 во петокот, ќе помогне во борбата против инфлацијата, истовремено нанесувајќи и удар на способноста на Москва да ја финансира војната во Украина.

Ограничувањето на цените помага да се постигнат „нашите двојни цели за намалување на глобалните цени на енергијата, а истовремено негирање на приходите на Путин за финансирање на неговата брутална војна во Украина“, рече Јелен во соопштението.

На почетокот на годинава, Европската унија воведе делумна забрана за купување нафта од Русија, која, кога целосно ќе се примени, би требало да го намали рускиот извоз за 90 отсто.

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен изјави во петокот дека е дојдено време ЕУ да разгледа слични ценовни ограничувања за купување руска нафта.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека Русија ќе престане да испорачува гас за Европа доколку Брисел ги ограничи цените на рускиот гас.

Одговарајќи на коментарите на шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за ограничување на цената што Европа ја плаќа за рускиот гас, Медведев напиша на апликацијата за пораки Телеграм: „Едноставно нема да има руски гас во Европа“.

Фото: Stefan Rousseau / PA Images / Profimedia

Слични содржини