Путин прими деца за првиот училишен ден, а сите ја гледаа неговата нога (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
184 прегледи

На интернет се појави уште едно видео кое фрла сомнеж во здравствената состојба на рускиот претседател Владимир Путин.

На видеото кое е направено на 1 септември во Калининград, за време на посетата на Путин на учениците од оваа руска покраина, се гледа како првиот човек на Русија седи на стол и разговара со децата.

Вниманието на сите присутни, но и на целиот свет го привлекоа неговите нозе кои речиси во ниту еден момент не мируваа, туку необично се грчеа.

https://www.youtube.com/watch?v=u10T460Mau8&feature=emb_title&ab_channel=MEDIA21UG

Исто така, според информациите на Дејли Мејл, Путин е загрижен за коронавирусот и наводно наредил секое дете да биде ставено во карантин две недели пред состанокот во Калининград.

Да потсетиме дека од почетокот на руската инвазија на Украина, западната јавност шпекулира дека Путин е болен, пред се поради видео снимките на кои се гледа дека Путин нема контрола над нозете или неконтролирано се тресе.

Кремљ досега секогаш ги негираше овие тврдења.