Најголем проблем со листите на чекање во градинките има во Аеродром, вели Тренчевска

од Nikola Popovski
260 прегледи

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска информира дека скопските општини Аеродром и Ѓорче Петров ќе добијат нови градинки.

-Од 2017 година до денес имаме отворено 71 градинка во различни делови од државата. Акцентот е ставен кон руралните средини каде досега не постоеше објект за згрижување на децата од претучилишна возраст и секако акцентот е ставен кон општините каде што имаме долги листи за чекање за вклучување на децата. До крајот на 2022 година, дополнителни ќе има нови 11 градинки, а во текот на 2023 година ќе бидат отворени уште 13 нови градинки, појасни Тренчевска денеска во Клубот на пратеници оддржа брифинг за претставниците на медиумите посветен на напредокот во реализацијата на социјалната реформа и Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ) како нејзин инструмент на поддршка.

Според неа, најголем проблем во Скопје има општина Аеродром.

-Затоа во комуникација со тамошниот градоначалник сме во завршни изработка на идеен проект, кој што значи почнување изградба на нова градинка. Во октомври, ќе се отвори уште објект, што ќе прими нови дечиња. Секако и отворањето на новата градинка во Ѓорче Петров, ќе ја намали листата на децата и родителите кои што чекаат, кажа Тренчевска.

Слични содржини