Првиот вицепремиер Артан Груби е категоричен дека уставните измени мора да се случат.
-Без нив, Македонија е во регрес и во статус кво и не може да оди напред. Секој што сака Македонија да ја види напред, секој што сака развој, секој што сака да ја види рамо до рамо со членките на ЕУ, ќе даде поддршка за уставните измени, од кои што најголем добитник е македонската заедница во С. Македонија. Конечно се прави одвојување на македонскиот од бугарскиот народ и тоа со прифаќање на бугарскиот, кој што имаше други претензии до вчера, рече Груби денеска од Арачиново.
Тој повтори дека во овој процес најголем добитник е апсолутно македонскиот народ и сите граѓани во државата.
-Се заокружува целокупната тапија на државноста на РС Македонија. Од страна на Бугарите се потврдува дека има апсолутно одвојување и тие го прифаќаат тоа. Проевропското крило во опозицијата во Собранието ќе даде поддршка за уставните измени. Веќе имаме контакти и комуницираме со опозициските партии, нагласи Груби.