Ристевски: Невремињата ќе бидат позачестени и посилни, на Скопје му треба ревизија на одливните шахти за да нема поплави

од Берта Китинска
419 прегледи

Изминатите недели во земјава владее нестабилно време проследено со дождови, ветер и невреме.Неделава бевме сведоци на силно невреме кое го зафати главниот град предизвикувајќи штети. Според експертите ваквите временски услови во наредниот период ќе бидат со посилен интезите.

„Не очекуваат поинтезивни промени и невремиња“, вели во разговор за „Локално“ д-р Пеце Ристевски, метеоролог, експерт за климатологија и применета метеорологија, појаснувајќи дека овие временски неприлики се поврзани со карактеристични синоптичко -аеролошки состојби во атмосферата. Заради ефектот на стаклената градина во наредниот период ќе бидат зачестени и појавата на топлотни бранови, повисоки температури на воздухот, зачестена појава на шумски пожари и честа појава на тропски воздух и појава на суши и сушни периоди и опустинувања.

– Нестабилноста на атмосферата и бурните процеси настануваат од влажноста како и од нестабилноста од земјината површина кон високите слоеви на атмосферата, со појава на кумулонимбус, тоа е разорен облак кој прави чуда. Кумулонимбусот предизвикува појави на град, молњи и интезивни дождови со кусо траење проследено со брзи промени. Ваквите промени се должат покрај временските услови и на ефектот на стаклената градина.Тие од година во година ќе бидат позачестени и посилни. Во земајва сведоци сме на невремто во Шипковица на 2 август, во Стајковци 6 август 2016 година, Битола на 1 и 2 август 1957 година кои се случиле во лето, појаснува метеорологот .

Ристевски посочува дека градовите и општините треба да бидат подготвени за вакви временски неприлики кога се случуваат во урбаните средини.

-Урбаните средини треба да бидат спремни врз основа на поранешните податоци и да имаат соодветни димензионирани канализациони системи (шахти и одлвници) за да можат да се одбранат од бурните временски процеси, да може водата да се насочи и да не се предизвикуваат поплави. На Скопје му треба ревизија на канализациони системи (шахти и одливници) и да се провери пропусната моќ на канализационата мрежа, вели климатологот, додавајќи дека посочените насоки кои се наведени од РИО Конвенцијата за климатските промени од 1992 ги задолжува државите да се адаптираат со промените кои ги предизвикува ефектот на стаклената градина.

Повеќе мерни пунктови

Метерологот посочува дека се потребни повеќе мерни пунктови во Скопје и Скопската котлина преку кои би се следеле процесите во однос на промена на климата.

-Во Скопската котлина потребни се повеќе мерни пунктови, за следење на климатските процеси каде е потопло каде е постудено. На врвот Водно, Средно Водно се сосема други процеси за разлика во урбаните места како Аеродром, Ѓорче Петров, во Центарот на Скопје, Скопска Црна гора и сл, вели тој.

Нови обновливи видови на енергија против глобалното затоплување

Ристевски објаснува дека антропогеното влијание преку корисењето на фосилните горива како што се нафтените деривати, како и преку испуштање на издувните гасови од

автомобилите кои секоја година се зголемуваат и се во корелативна врска со информациите за порастот на стакленичките гасови и глобалното затоплување на планетата Земја.

-Постојат повеќе активности со кои можеме да влијаеме за спречување на климатските промени како држава и како поединци. А тоа е со користење на нови обновливи видови на енергија (за тоа постои Стратегија до 2040 година) како и со штедење на енергија (како поединци) и со изградба на згради со енергетска ефикасност. Користење на нови и обновливи видови на енергија (сончева, ветрова, енергија на биогас, геотермална енергија и други обновливи видови), користење на велосипеди за превоз кога сме сами, смета Ристевски, додавајќи дека нашата земја покрај тоа што има проблем со СО2 , има проблем со другите елементи на стаклената градина, со друго име стакленички гасови како што се хлорофлуорокарбонатите, водената пареа и слично.

Б.М.

Слични содржини