Груби: Институциите треба да бидат пример за штедење на електрична енергија и сите државни ресурси

од Nikola Popovski
136 прегледи

Сметам дека сите граѓани, а посебно институциите и челниците треба да бидат пример за штедење на електрична енергија и на сите државни ресурси. Ве повикувам секојдневно да ги проверувате сите институции, почнувајќи од Влада и Собрание за тоа кои мерки за штедење ги применуваат. Уште пред одлуката на Владата, Министерството за политички систем ги има исклучено сите надворешни и внатрешни осветлувања надвор од работното време, порача првиот вицепремиер Артан Груби денеска од Арачиново при пуштање во употреба на водоводната мрежа.

Тој истакна дека синоќа поминал покрај зградите на Собранието, Владата и МНР.

-Имаше светла само на претпоследниот кат на надворешната фасада од Министерството за екологија и веднаш му се јавив на министерот Нуредини и постапи и ги исклучи. Ве повикувам за секој таков пример што ќе го видите да ни кажете и ќе реагираме веднаш, рече Груби за штедењето во услови на економско-енергетската криза.

Слични содржини