Крај за Серена: Се огласија Меџик, Гејтс, Мишел Обама…

од Nikola Popovski
248 прегледи

Серена Вилијамс, веројатно најдобрата тенисерка на сите времиња, ја заврши кариерата со пораз во третото коло на УС Опен, а на социјалните мрежи доби бројни пораки од луѓе кои не се од светот на спортот, но и од колегите.

Истакнуваме некои:

Меџик Џонсон: Само што бевме сведоци на последниот УС Опен кој го играше најдобрата на сите времиња – Серена Вилијамс. Серена значеше многу за спортот, за тенисот, за светот и за секое мало девојче, а особено за секое црно девојче ширум светот.

 

Бил Гејтс: Каква кариера. Серена зад себе остави неверојатна тениска кариера која на прав начин предизвика нееднаков третман на тенисерките во однос на машките тенисерки.

Мишел Обама: Колку бевме среќни што гледавме како една млада девојка од Комптон расте и станува една од најголемите спортисти на сите времиња. Се гордеам со тебе, пријателке, и едвај чекам да ги видам сите животи кои продолжуваш да ги трансформираш со твоите таленти.

Анџелик Кербер: Го промени тенисот засекогаш низ сите различни фази во твојата кариера, љубовта кон спортот секогаш беше присутна. Беше вистинска чест да се игра во ерата на која си симбол.

 

 

 

Слични содржини