Маричиќ очекува ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи уставните измени

од Nikola Popovski
134 прегледи

Членството во НАТО го постигнавме. Дел од пратениците тогаш од ВМРО-ДПМНЕ одговорија позитивно на тој повик. Ние веруваме дека е можно и цело ВМРО-ДПМНЕ, како партија да го направи тоа, доколку сака да го фати возот за поддршка на ЕУ. Го пропуштија тој воз за НАТО, не би требало да го пропуштат за ЕУ, вака изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ околу евентуалните уставни измени кои што треба да поминат во Собранието.

Маричиќ очекува ВМРО-ДПМНЕ да ги подржи уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, но потенцира дека Владата ќе ја убеди целата опозиција да гласа со силата на аргументите.

-Веруваме дека веќе имаме консензус за членство на Северна Македонија во ЕУ, изјави Маричиќ во интервју за ТВ 24.

Слични содржини