Рама: Русија би била задоволна со нов конфликт на Балканот

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Албанскиот премиер Еди Рама оцени дека Москва го подгрева конфликтот на Балканот и го загрозува кревкиот мир, со тврдење дека Русија би била задоволна доколку нешто се придвижи во насока на конфликт во регионот.

„Сте слушнале ли колку пати Путин го спомнува Косово во своите говори? Тој постојано повторува: „Косово, Косово, Косово“ Шефот на Кремљ го поттикнува најболниот од сите нерешени проблеми на Балканот и прави се за да запали нов фитил“, изјави Рама во интервју за германски „Шпигел“.

„Осумдесет проценти од православните Срби позитивно мислат дека Путин само му покажува заби на Западот во Украина, ако можете да го кажете тоа“, рече Еди Рама.

Премиерот на Албанија во интервјуто ги повтори претходните зборови дека „одлуката за независноста на Косово е правилна“.

„На крајот на денот сега има процес на мир и помирување, иако тој процес ќе трае долго“, изјави Рама.

Тој смета и дека „во Црна Гора има длабока поделба меѓу црногорското и српското население“, но додаде дека е добро што постои иницијатива „Отворен Балкан“.

„Во последно време на Балканот има охрабрувачки случувања. Затоа сакам Србија, Албанија и Црна Гора да создадат некаква мини-шенген зона за подобра размена“, рече Рама.

Слични содржини