Министерството за одбрана купува систем за противвоздушна одбрана од 66 милиони евра. Наредниот месец ќе биде платена првата од четирите рати за наредните три години.
Министерката за одбрана Славјанк Петровска , за набавката објаснува дека е за да се заштитат националните интереси.
„Во моментов не постои опасност за некаков напад врз нашата земја, но инвестициите во одбраната, како што е набавката на современ систем за воздушна одбрана, е дел од стратешкото и долгорочно планирање на одбраната“, вели министерката.
Оружјето е од француско производство и за него немало меѓународен тендер, туку одлуката ја донела работна група, формирана во министерството, кои одлучиле дека тоа оружје е најдобрата опција за државата.