Земјотрес во Авганистан, најмалку шест лица загинаа

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Најмалку шест лица загинаа, а девет се повредени во земјотрес во источен Авганистан, недалеку од пакистанската граница, соопштија утрово авганистанските власти.

„Земјотресот беше ноќеска во 2 часот и 30 минути а се почуствува во провинциите Кабул, Лагман, Кунар и Нангархар“, изјави заменик министерот за природни катастрофи Шарафудин Муслим.

Тој потврди дека шест лица загинале, а девет се повредени во провинцијата Кунар.

Според Американскиот сеизмолошки институт, земјотресот бил со јачина од 5,3 степени.

Проценката на штетите е во тек.

Слични содржини