174
Вчера, во 5.35 часот, на улицата 8 Септември во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода три малолетни лица од Велес.
Тие биле затекнати при обид да извршат кражба во паркирани патнички возила и кај нив бил пронајден алат со кој требало да ги извршат делата.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.