Јас немам дилема со официјален Париз, Берлин или Брисел и верувам во нивните намери дека се чесни. Знам дека тие тоа што го мислат е најдобро за Македонија, но знам во чии намери немам доверба, а тоа се намерите на Софија, вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на прашањето дали очекува реакција од меѓународната заедница, откако партијата ќе собира потписи за задолжителен референдум за поништување на Договорот со Бугарија.
Според него, секогаш имало „официјална Софија или Атина кои што барале од нас да направиме отстапка за да ни ветат некаква европска иднина“.
-Живееме во сегашност која е еквивателна на најсиромашните држави од Африка. Немам дилема во нивните намери, но најмногу ме загрижува тоа што мојот народ се чувствува понижен и излажан. Ова е можност народот да си го каже своето мислење за овој документ. Знам дека не можам да ѝ верувам на официјална Софија, затоа што знам дека и во иднина, ќе имаме проблеми и кочници, се додека јасно не се оградат остнаатите 26 членки на ЕУ. Првиот резултат од скринингот се Средниот век, Самоиловата држава, Кирил и Методиј и Климент и Наум. Така што не гледам иднина, рече Мицкоски пред новинарите.