Во Собранието денеска е закажано продолжение на седницата на Комисија за надворешна политика на која своите платформи за дипломатските активности ќе ги презентираат новите вонредните и ополномоштени амбасадори на Република Северна Македонија во Република Словачка, Евгенија Илиева, во Канада Агрон Буџаку, во Кралството Норвешка, Дритон Куќи и Методија Белевски новиот вонреден и ополномоштен амбасадор во Кралството Белгија.
Во рамки на истата седница, претходно на крајот од јули, пред пратениците платформата за дипломатските активности ја претстави вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Соединетите Американски Држави, Зоран Попов. Поради доверливиот карактер на информациите, како што истакна тогаш претставник на МНР, Попов своите тези ги презентираше зад затворени врати и пред пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат. Седницата на Комисијата веднаш потоа беше прекината, поради одржувањето на пленарната собраниска седница.
Со презентацијата на тезите во Собранието финишираат сите процедури за заминување на амбасадорите во нивните дипломатски мисии.