Маркл им се обрати на Британците за првпат по „Мегзит“: 54 пати кажа „Јас“!

од Vladimir Zorba
286 прегледи

Британија броеше – Меган Маркл во својот синоќешен говор 54 пати кажа „Јас, јас, јас“! Тоа беше првпат по „Мегзит“ војвотката од Сасекс да и се обрати на јавноста во Обединетото Кралство.

Облечена во црвено од глава до пети, Меган самоуверено ја започна својата презентација велејќи: „Убаво е повторно да се биде во Велика Британија…“ Од публиката ја гледаше насмеаниот принц Хари, кој на моменти „се нервираше“ и беше видно вознемирен..

Причината за неговата вознемиреност е можеби тоа што е далеку од помирување со семејството, но и поради постерите кои ги карактеризираа него и Меган како „лажна кралска двојка“.

Британците очигледно не заборавиле, но ниту му простиле за „Мегзит“, бидејќи денес нивните портали се преполни со теми кои ја анализираат секоја реченица и гест на поранешната актерка.

„Иако говорот требаше да биде за родовата еднаквост, Меган пред 2.000 луѓе зборуваше само за Хари и за настанот кој и го „промени животот“ кога стана мајка“, пренесува „Daily Mail“.

Меган се обиде да се поврзе со младите учесници велејќи им дека треба да „го зграпчат моментот“ и дека таа била како оние „девојки од Suits“ која на крајот била „поканета да седне на масата со моќните лидери“.

За тоа време јавноста внимателно го следеше секој нејзин гест, но и пресмета колку војвотката потрошила за облека.

Според пресметките, Меган била „умерена“, па нејзиниот стајлинг изгледал вака: цената на блузата што ја носела е 1.400 евра, додека панталоните се нешто поевтини – па за нив треба да потрошите околу 1.300 евра.

Слични содржини