Србинка фатена како краде во маркет во Куманово

од Берта Китинска
253 прегледи

Кумановската полиција вчера ја приведе Д.А.(34) од Република Србија, која се сомничи дека извршила кражба во маркет на ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово, соопшти МВР.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Д.А. задржана во полициска станица. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.