Каевски: Референдумот на Мицкоски е против ЕУ, против македонски јазик, македонски идентитет и нема да успее

од Берта Китинска
160 прегледи

Со државнички политики направивме историски исчекор во остварување на стратешката цел поставена уште од независноста: започнавме преговори за полноправно членство во ЕУ, вели пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски.

-Се одржа и првата Меѓувладина конференција, подготвена е структурата за преговори за пристапување со ЕУ. Нашата цел е до 2030 година да ги завршиме преговорите.Она што е исклучително важно е дека ги започнавме преговорите со ЕУ, со заштитен македонски идентитет, македонски јазик и посебност.Тоа е потврдено на официјалните канали на ЕУ, каде јасно стои македонскиот јазик, како и во изјавите на сите високи претставници од Унијата, посочува пратеникот.

Тој вели дека се пропаднати буквално сите лаги на Мицкоски, „не само што нема ниту бугаризација, ниту асимилација, туку почеток на преговори со заштитен македонски идентитет и јазик“.

-Откако му пропаднаа сите лаги и обиди за дестабилизација, за блокирање на европската иднина на државата Мицкоски измислува нови форми за нови блокади.Оваа иницијатива на Микоски е Референдум против членство во ЕУ, против македонскиот идентитет и македонскиот јазик.Иницијатива за негова внатрешна употреба, која нема поддршка од граѓаните, нема поддршка од опозициските партии и нема да успее.Иако Договорот е ратификуван пред 4 години Мицкоски дури сега го прави овој очаен чекор затоа што му се тресе фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ.Колку е очаен и лицемерен покажува фактот што токму Христијан Мицкоски го поддржа Договорот со Бугарија на средба со поранешниот премиер Борисов, и тоа на чист бугарски јазик, вели Каевски.

Слични содржини