Пендаровски е прв претседател во историјата да не сака да го слушне народот, порачаа од „Белата палата“

од Nikola Popovski
148 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порача дека претседателот Стево Пендаровски е „прв случај во историјата некој претседател на демократска држава да не сака да го слушне народот“.

-Пендаровски кој е слуга на Владата, да каже како отфрлање на билатерален договор кој е основа за асимилација е антиевропски референдум?, прашаа од најголемата опозициска партија.

Од таму додаваат дека „Договорот со Бугарија е извор на сите негации на Македонија, македонскиот народ, историја и јазик“.

-Договорот со Бугарија беше фрапантен и за најголемите Бугарски шовинисти, кои не веруваа дека постои Македонски политичар кој ќе си ја негира нацијата и јазикот, порачаа од „Белата палата“.

Пендаровски денеска изјави дека референдумското прашање на ВМРО-ДПМНЕ е класично антиевропско.

-Значи, вие ако дадете поддршка на таков референдум – класичен антиевропски со прашањето, нема потреба понатаму да го менувате Уставот. Едното го исклучува другото. Накратко, она што го очекувавме тоа и го добивме.Она што го очекуваме тоа го добивем. Добивме прашање со кое во суштина македонските граѓани ги прашуваат, или ќе ги прашаат „дали скаате да престанеме да одиме кон Европската унија. Тоа е прашањето. Она што ме чуди, е зошто во референдумското прашање не го споменуваат и Преспанскиот договор, бидејќи во европската преговарачка рамка со која започнавме преговори неодамна, во иста реченица стои и Договорот во Преспа и Договорот со Бугарија, рече Пендаровски како одговор на новинарско прашање околу собирањето потписи за задолжителен референдум за уривање на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.