143
Здравко Мамиќ, еден од најмоќните и најконтроверзни луѓе во хрватскиот фудбал ја коментираше сензационалната победа на Динамо на стартот од Лигата на шампионите, 1:0 против Челзи на стадионот „Максимир“:
„Динамо 2:1 Арсенал, Динамо 3:0 Тотенхем Хотспар, Вест Хем Јунајтед 0:1 Динамо, Динамо Челзи 1:0. Среќа што Динамо не игра во Премиер лигата!“, напиша Мамиќ на Фејсбук.
Мамиќ е осуден на шест и пол години затвор за извлекување 117 милиони куни (16 милиони евра) од Динамо Загреб, со што ја оштетил државата за речиси два милиони евра.
Ден пред изрекувањето на пресудата, Здравко Мамиќ ја напушти Хрватска и избега во Херцеговина, каде што живее во егзил.