Зеленски: Поддршка за МААЕ ако тоа значи демилитаризација на централата Запорожје

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Украинските власти ќе го поддржат повикот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за создавање безбедносна зона околу нуклеарната централа Запорожје, доколку таа иницијатива подразбира демилитаризација на централата, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Доколку суштината на тој предлог е демилитаризација на територијата на објектот, можеме да ја поддржиме таа демилитаризирана безбедносна зона“, рече Зеленски, а пренесе ТАСС.

Вчера Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави извештај за Украина во кој се наведува дека има итна потреба од воведување привремени мерки за спречување на нуклеарна несреќа што е резултат на физичко оштетување на нуклеарната централа Запорожје.

Слични содржини